Потрошувачката на фитотерапевтските препарати во светот во последниве десет години е зголемена за 400 проценти.
Луѓето се почесто се определуваат за традиционална медицина затоа што е повеке достапна, заради можното штетно дејство од синтетичките лекови за што има се повеке докази, како и нивното дејство врз оној кој се лечи.
Билките и природните извори формираат основа во денешната модерна фармација.
Се проценува дека само третина од лековите кои ги добиваме од лекарите се засновани на билна база.
Денеска кога ке се спомне аспирин размислуваме само за тоа дека тој е синтетички лек, но овој медикамент е најпродаван во светот, а пред еден век добиен од кора од врба.
Паклитаксел, лекот за рак на јајниците, содржи супстанција од една врста на билка која е синтетизирана во фармацевските лаборатории.
Во Њу Џерси истражувачите се обидуваат по пат на екстракција од една тропска печурка да добијат замена за инсулин.
Повеќе верува хербални лекови |
Билните лекови најмногу се користат за зачувување на здравјето, но и како трепија за хронични болести. Употребата на традиционалните лекови се зголемува кај заболувањата кај кои конвенционалната медицина е неефикасна,како што е карциномот. Интересен е фактот што луѓето на различни страни на светот користат исти или слични билки за иста цел.
Фитотерапијата не се поврзува само со неразвиените делови во светот.
Американците годишно трошат речиси две милијарди долари на фитотерапија. Европјаните, посебно Германците и Французите не заостануваат зад нив.
Во некои земји, билни лекови користат повеке од половина население, а традиционалната медицина во која билните лекови се основа на унифициран систем на здраствена заштита.
Нема коментара:
Постави коментар