Не морате секогаш кога ке ве заболи грлото да пиете
антибиотици особено ако воспалението е предизвикано од вирусна инфекција на
која антибиотиците не делуваат. Пробајте со прирoдни лекови кои можат да бидат
многу ефикасни и без штетни последици.
Припремете се за
сезоната на инфекции
|
Солена вода
Плакнењето со солена
вода најверојатно е најпознатиот и најпопуларниот лек за болка во грлото и тоа
со добра причина. Солената вода ги третира отечените ткива и на тој начин го
санира воспалението. Покрај
тоа солената средина спречува бактериите да се размножуваат.
Лук
Лукот можеби не е
најпривлечниот лек за болката во грлото, но е аргументирано и најефикасен. Содржи
многубројни биоактивни соединенија. Вклучувајки го и соединението сулфур алицин
кој поседува значајни антибактериски,антимикробни,антивирусни и антигливични
својства. Истажувањата покажуваат дека белиот лук успешно делува кај
многубројни инфекции.
Најдобро е да се направи
вака: по едно чешле лук се става во уста на секоја страна од образите и се цица.
Нема потреба да се гриза лукот, иако може да се изгриза,но дури после 15 минути од цицањето се со цел да го ослободите
алицинот кој ке ја дезинфицира устата. Тогаш може да се исфрли лукот од устата.
Оваа постапка треба да се прави по еднаш на ден.
За да се не неутрализира
мирисот на белиот лук, може истовремено да се цица и исечкано каранфилче или
жалфија која исто така има против воспалително дејство.
Јаболков оцет
Како и лукот, јаболковиот
оцет не е најпријатниот лек но многу од луѓето се колнат во него. Со
јаболковиот оцет може да се третира воспаленито на грлото бидејки неговата
киселост ги уништува повекето бактерии, но ако се додаде и мед може да се
подобри вкусот и да се ублажи болката предизвикана од инфекција. Лута пиперка е
исто така добра состојка која може да се додаде,поради високата концентрација
на капсаицинот кој е докажано многу ефикасен против воспаление и болки.
За најдобри резултати се
препорачува: eдна супена лажица јаболков оцет се помешува со мед и чајна
лажичка капсицин во прав кој може да се купи во подобро снабдените маркети за
здрава храна или просто може да се истолчи една лута пиперка и да се исипе во
шолја топла вода и да се испие наутро на празен стомак. Ако не ви се допага
оваа мешавина да ја пиете можете со неа само да направите гаргара, но тогаш се
зголемува количината на јаболковиот оцет на две до три супени лажици.
Нема коментара:
Постави коментар