Високиот крвен притисок
може да биде предизвикан од многубројни фактори, вклучувајки ја староста,
полот, расната или националната припадност како и генетски наследех, прекумерна тежина, физичка
неактивност, пушењето, конзумацијата на алкохол.
Хипертензија е
најмасовната болест на светот
|
Хипертензијата е
состојба позната како ,,тивок убиец’’ бидејки многу често нема никакви знаци на
предупредување. Но може да предизвика фатални срцеви и мозочни удари.
Постојат
многу лекови кои можат да помогнат, но
многу често можат да имаат несакани ефекти. Ефекти како што се
слабост, вртоглавица, ризик од пореметување на рамнотежата на електролити. Билните зачини имаат слични ефекти без овие непријатности или нус
појави.
1. Лук
Лукот одамна е познат
како регулатор на високиот притисок, а проучувањето на неговите ефекти датира
уште од 1993 година. Тогаш по пат на клиничко испитување потврдено е дека кај
пациентите со висок крвен притисок кои внесувале големи дози на лук им е
намален крвниот притисокот без значајни
сопредни ефекти.
2. Кардамон
Овој сладок и ароматичен
индиски зачин, можеби најмогу употребуван во оваа земја испитан е во 2009
година, кај пациентите со примарнахипертензија. Овие пациенти дневно добивале
по 3 грама кардамон во прав и кај нив се утврдедно значително намалување на
крвниот притисокот без несакани споредни ефекти.
3. Кромид
Овој се повеке присутен
зеленчук се користи во кујните ширум светот, содржи соединение наречено
кверцетин. Тоа е антиоксидансфлавонол и потврдено е дека го намалува крвниот
притисок кај болесниците со хипертензија. Според истражувањата кај заболените
во 2007 год. во Journal
of Nutrition.
4. Куркума
Овој зачин се користи во
разни индиски јадења. Нејзиното дејство за регулирањето на крвниот притисок е
објавено во една студија во Journal of Nutrition. Студија која ги испитувала ефектите на куркума за смалувавање на
крвниот притисок кај заболените од тешко бубрежни заболувања лупус нефритис. Исто така оваа состојка
е позната по своите антивоспалителни својства.
5. Цимет
Еден од најчесто
користените зачини во американската исхрана,циметот бил предмет на истражување
и за неговото вилјание на високиот крвен притисок и дијабетесот. Во една
студија утврдено е дека со редовно користење од 3 грама цимет дневно, за три
месеци притисокот се врака во нормала.