петак, 5. септембар 2014.

За пушачите - зелениот чај против рак




Доколку сте пушач доволно е секој ден да се напиете по една шолја зелен чај и значително да го намалите ризикот од ракот на белите дробови. А доколку не сте пушач ке го намалите ризикот да заболите од оваа тешка болест. Ова е резултат на студии по метод случаен избор помеѓу заболените во една болница во Тајван каде ракот на белите дробови е на прво место причинител за смртноста.


Шолја зелен чај секој ден
Тестирани се пушачите и непушачите. Кај испитаниците кои не пушат и не пијат зелен чај,ризикот од рак на белите дробови е 5 пати поголем отколку кај оние кои пијат само по една шолја зелен чај секој дневно.
Кај пушачите овој процент е повеке од двојно,оние кои во општо не се пиеле зелан чај,имале за околу 12 пати поголем ризик да заболат од рак во споредба со оние кои пиеле по една шолја зелен чај секојдневно.
Оваа способност на зелениот чај се препишува на фактот дека содржи големи количини на полифенол кој е силен анти-оксиданс и има големо инхибиторно дејство кај малигниот тумор.
Истражувачите на Институтот за био-медицински истражувања во Лос Анџелес појаснија како зелениот чај го менува метаболизамот на клетките на ракот на панкреасот, намалувајки го ризикот од болест или забавувајки го растот на малигните келии што отвара нови можности за итражување  на антиканцерогените дејства на оваа билка.
Потвредено е дека EGCG, една од супстанциите која ја содржи зелениот чај ги менува метаболичките процеси на клетките така што го намалува отпуштањето на неговите штетни ензими, го забавува растот, размножувањето и нивното ширење на другите органи.
Кај мажите заболени од  интра епителна неоплаза,претходници на ракот на простатата, луѓето кои пиеле по 6 шолји зелан чај на ден, значајно е намалувањето на растот на тие клетки и можноста од добивањето на ракот на простатата, покажала една италијанска студија од пред три години.
Зелениот чај по алое вера, најверојатно е една од најиспитуваните билки. Сите научни истражувања покажуваат дека има анти-канцерогено дејство, но механизмот на неговото делување сеуште не е доволно научно објаснето што е главна препрека за произвотството на лековите.


Нема коментара:

Постави коментар