четвртак, 4. септембар 2014.

Звонење во ушите, зуење, пиштење - природни лекови за тинитус




Без прашање дали во увото звони, свири, пишти, гласно или тивко, навистина е страшна таа бучава во главата. Откако лекарите ги исклучија можните сериозните причинители на пример, присуството на тумор или заболувањето на средното уво, навистина многу малку можат да направат за нас. Но некои од природните лекови можат да бидат од помош.



Причина за тинитусот е непозната

Семе од сусам


Кинеските фитотерапевти препорачуваат употреба на сусамот за лекување на тинитус. Ова семе може да го додадете во храната или да го вметнете семето од  сусамот во кајмак, маргарин, сирење.


Гинко


Гинко е прикажан во многу студии како корисна билка за разни здраствени проблеми кои доаѓаат со стареењето како што е слабото паметење и тинитус.                                                                                 
Подобрената циркулација може да помогне во случаите на звонење во ушите кога е поврзано со недостатокот на циркулација во внатрешното уво.


Голденсеал 




Голденсеал делува слично 
како и нашата билка лутичиња

Коренот од билката голденсаеал се користи во народната медицина на американските Индијанци како природно антиврусно и антисептичко средство. Ја подобрува циркулацијата па поради тоа оваа северноамериканска билка би можела да биде корисна за некои случаи на тинитус.

Цинк


Тинитусот исто така е поврзан со недостатокот на цинк. па обидете се со исхрана богата со овој минерал. Цинкот е еден од најважните минерали во организмот и многу важен за имунитетот, добриот вид, апетитот, осетот за вкус и мирис, го поттикнува зараснувањето на раните, ги јакне коските, мускулите, косата и ноктите.
Најдобри природни извори на цинк се месото, вклучувајки го и црвеното месо, а особено говедското месо, мисиркиното месо и неговата внатрешност, потоа рибата и другите плодови од морето, а најдобри се остригите. 
Значајни извори на цинкот се млекото и млечните производи,јајцата и интегралните житарици. Искорисувањето на цинкот од билките е значајно помала отколку од храната од ќивотинско потекло, но не треба да се игнорираат билните извори на цинк: ореви, грашокот,  гравот, сојата и тофу сирењето, пивскиот кавасец, пченично зеле, тиква и други семиња.
Голема доза на аспирин може да биде фактор кој допринесува да дојде до Тинитус. Соодветно на тоа, билката која може да биде замена за синтетичкиот аспирин, е врбината кора која треба да се избегнува.




Нема коментара:

Постави коментар