петак, 5. септембар 2014.

Епидемија на кондиломи: како се добиваат и пренесуваат


Повеке од половина сексуално активно
 население е заразено со ХПВ вирусот

Секој кој барем еднаш имал сексуален однос се подложил на ризик да добие брадавици и ХПВ. Овој вирус се манифестира со вирусни брадавици кој најчесто се лоцирани на половите органи и кај жените и кај мажите. Кај жените можат да се појават во цервикалниот канал и на грлото на матката,а додека кај мажите се појавуваат на тестисите и поретко во мочниот канал.
Кондиломите се појавуваат и во аналниот отвор и околу него, а исто така можат да се појават и во грлото и на јазикот. Кога се на кожата изгледаат како ситни брадавици т.н. дршки. Повекето брадавици се цврсто впиени во кожата, најчесто на рацете, под пазувите,  под градите кај жените, на вратот или околу очите.
Самиот вирус може да се добие само со полов однос со партнер кој е заразен со ХПВ вирус. Меѓутоа брадавиците можат да се пренесат и со директен контакт преку заразена кожа и слузокожа, обично во текот на орален, полов или анален секс со инфициран партнер.
Најчесто се појавуваат кога доаѓа до ослабнување на имунитетот, но ХПВ може да се активира и без одредена причина, како што се случува со некои други болести, особено ако е од групата на сексулано преносливите заболувања или заради земањето на одредени лекови.
Недостатокот на фолна киселина и витаминот А исто така може да се манифестира со вирусни брадавици.
ХПВ вирусот се пренесува исклучиво по сесксуален пат, но самите вирусни брадавици можат да се пренесат и со директен допир. Така може да се случи и кај лицата кои немаат ХПВ да се појават полни, анални, кожни или орални вирусни брадавици.

Зошто брадавиците се сериозна болест?

 

ЧАЈ за зајакнување на имунитетот од 14 билки  
...детали и нарачки
Инфекцијата со хуман папилома вирусот е поврзана со речиси 90 проценти од малигните тумори на грлото на матката и претставува значаен фактор за ризик од карцином на вагината, анусот, вулвата и пенисот.
Од аспект на канцерогеност ХПВ се дели на ниско ризични, средно  ризичени и високо ризични подтипови.
Така подтиповите број 6 и 11 се карактеризираат со генитални брадавици, но се сметаат за ниско ризични бидејки многу ретко ке предизвикаат генитален или анален рак.
Од друга страна пак под типовите 16 и 18 многу ретко предизвикуваат брадавици, но се наоѓаат во групата на високо ризични, бидејки можат да доведат до рак на грлото на матката или анален карцином.

Цервикалните брадавици (внатрешните брадавици кои се наоѓаат во цервикалниот канал) можат да се пренесат на новороденче за време на минувањето низ заразениот породилен канал.
Без оглед на тоа за кој под тип се работи, потребно е овие брадавици да се отстранат бидејки самиот вирус се наоѓа во ткивото покрај брадавицата, а ниту еден вирус не е добродојден.



Нема коментара:

Постави коментар