Темните пеги и флеки кои обично се појавуваат на рацете и
рамената се без опасни и не бараат лечење, но се синоним за старост бидејки се
чести кај луѓето постари од 50 години и на повекето луѓе им сметаат.
Преголемото изложување на сонце ги стимулира меланоцитите
да лачат вишок на пигмент,а меланинот се групира и формира темни флеки на
кожата. Како телото старее се помалку може соодветно да одговори на оштетените
келии од сонцето.
Важно е да се знае дека не е секоја темна пега или флека
,,старечка’’ пега. Овие флеки можат да
бидат последица на хормонски дис баланс, нарушување на работата на црниот дроб.
Во тој случај потребно е најпрвин да се отстрани причината бидејки препаратите за отстранување на овие
хипер-пигментирани површини нема да помогнат.
Најпознато природно средство за отстранување на
,,старечки’’ пеги е лимонот. Сокот од лимон можете да го примениете директно два
пати дневно. Но притоа внимавајте бидејки
цитрусите се фотосензитивни и можат да предизвикаат уште поголемо оштетување на
кожата доколку не се заштитите добро од сонцето.
Алое вера исто така помага да се обноват келиите, а
истовремено ја штити кожата од УВ зраците.
Рициновото масло исто така се користи кај отстранување на
овие пеги и флеки.
Сокот од глуварчето меѓу лугето се уште одамна употребува
за отстранување на пеги и брадавици.
Семето и маслото од калинката е можен анти-оксиданс, а
наслагите од меланин нежно ги отстранува благодарение на ретоинската киселина
која ја содржи и на тој начин помага да се отстранат пигментните флеки. Се
нанесува двапати дневно.
Јасмин е билка која традиционално се користи против
стареење на кожата, а го балансира и тонусот и бојата на здравата кожа.
Ако преферирате да користите веке изработени производи,
обрнете внимание на составот бидејки можат да содржат хемиски супстанции кои
агресивно делуваат на кожата во вид на пилинг и можат да предизвикаат
поправливо оштетување на кожата.
Заради тоа подобро обидете се со билни производи кои се
по благи, а повеке ефективни
Нема коментара:
Постави коментар