Некогаш зимата и есента
биле вообичено време за зголемена болка, отоци и вкочанетост на зглобовите и мускулите, поради
зголемена влага. Но последните неколку години кога летата се влажни, ова годишно
време прави многу големи проблеми на реуматските болесници. Лек за ревматските
болести не постои, но терапијата со билки може да го забави воспалителниот
процес и значително да ги намали болките.
Во Македонија дури ¾ од населението постаро од 50 години боледува од ревматски болести |
Реума е општ термин за болка
во зглобовите,мускулите како и во близина на мекото ткиво.
Најчести ревматски
болести се остео-артритис кога ’рскавицата
помеѓу зглобовите е оштетена и со тек на време изчезнува, ревматски артритис
кој спаѓа во автоимуни болести како гихт и лупус, односно воспаление на
зглобовите како и кај артритисот, но пропратени со таложење на мокрачната
киселина во зглобовите.
Симптомите се помалку
или повеке заеднички:
-болка и отекување на
зглобовите, особено кај помалите зглобови на рацете и стопалата.
- вкочанетост на
зглобовите, особено после спиење или одмор
- намалена мобилност
-мускулна слабост
-умор
-деформација на
погодените зглобови.
Билната терапија
Основно дејство на
повекето билки кои помагаат кај овие заболувања се омега масните киселини за
кои научно е докажано дека се многу корисни за таквите состојби.
Пореч првенствено се
користи маслото од семето на оваа билка чии лисја ѓи користеле уште старите
Римјани. Маслото содржи висок процент на ексецијални масни киселини познати
како гама-линоленска киселина (GLA) која ја има во ночурак и во црната рибизла.
Оваа киселина ги забавува и сопиралинфа - маторните состојби типични за ревматските
болести. Маслото од семето од поречот докажано ја намалува болката и отоците.
Малку е познато дека
конопот делува против болките. Маслото содржи од 50 до 70 проценти Омега 6
киселини и од 15 до 25 проценти Омега 3 масни киселини кои исто така ги
намалуваат воспалителните процеси.
Кора од бела врба која
во синтетички облик се продава како аспирин, одамна се користи против болки и
температура иако е утврдено дека во природен облик е многу поефикасна од
аспиринот поради други активни соединенија кои ги содржи.
Во една германска
студија во која учествувале 78 испитаници,евидентирано е дека после две седмици
на користење на салицилот од коренот на бела врба, кај 14 проценти од заболените
од реуматски болести значително се намалила болката. Додека кај пациентите со
остео-артритис на кукот или колената овој процент бил двојно поголем.
Во студијата објавена во
американскиот журнал,прикажани се резултати од користењето на салицилот од
коренот од врба кај пациенти со хронични болки во грбот. Кај 35 проценти од
учесниците во оваа студија болката речиси целосно исчезнала.
Кај оралното користење
на белата врба важат истите мерки на претпазливост како и кај аспиринот, бидејки
кората содржи салицилат поради што не би требало да ја користат луѓе со
бубрежни заболувања и луѓе со чир на желудникот,бремени жени и доилки, како и
деца до 12 години. Не би требало да се користе подолго од 21 ден во
континуитет.
Во комбинација со
гинко, витамин Е и бел лук, белата врба го зголемува ризикот од краварење.
Оралната употреба треба да се прекине две седмици пред и после операција.
Eukaliptus podstiče cirkulaciju |
Зелен чај, една од најпопуларните пијалоци во светот служи и како средство за намалување на
воспаленијата во организмот. Во една студија од 2010 година. Утврдено е дека
зелениот чај помага кај остео-артритисот и ревматскиот гартритис.
Куркума е жолт прав од
цветот од истоимената билка. Тестовите
направени врз стаорци покажале дека оваа билка има најдобар ефект против болки
во зглобовите кога се користи орално. Лабораториските студии врз стаорците
откриле дека оваа билка може да го успори напредокот на ревматскиот артритис.
Ѓумбир е билка која е
позната како многу корисна за стомачни проблеми, ѓумбирот во свежа состојба има
јаки анти-запалителни и аналгетски својства. Коренот од оваа билка го намалува
воспалението делувајки како инхибитор простагландин, на ист начин како и
нестероидените анти-инфламаторни лекови (NSAID).
Студиите покажуваат дека
ѓумбирот ги опушта мускулите и ја ублажува болката. Коренот од оваа билка се
користи како додаток во оброците или се вари како чај.
Босвелија или индиски
темјан содржи специфични активни-инфламаторни состојки. Киселините на индискиот
темјан ја ублажуваат болката предизвикана од артритисот,без несакани
ефекти. Истражувањата врз животните покажале значителна намаленост на
воспалението. Едно испитување направено врз луѓе, покажало дека од 175 пациенти
со реуматски артритис кај 122 се намалило напредувањето на запалителниот процес
за само две до четири недели од користењето на индискиот темјан.
Најдобри резултати се
постигнуваат со комбинирање на овие билки кои здружени истовремено делуваат на
болката,отоците, вкочанетоста и забавувањето на воспалителните процеси. Покрај
тоа локалната примена во облик на крема или маст е најбезбедна бидејки во тој
обилк сите билки можат да се користат неограничено или без несакани ефекти.
Доколку одлучите да направите сами некоја крема,проучете ги добро меѓусебните
интеракции на билките кои сакате да ги користите, бидејки со нивно погрешно
комбинирање може да се неутрализира дејството на некои од нив.
Нема коментара:
Постави коментар