субота, 6. септембар 2014.

Како да се ослободиме од хемороидите? Операцијата не е единствен на начин!

Новите наоди за дејството на билките и комбинацијата на лековитите состојки кои ги санираат воспалителните процеси, ја забрзуваат циркулацијата и имаат астрогено дејство придонесоа за производство на многу ефикасни природни препарати за лекување на хемороидите...

Околу третина од населението во
светот пати од хемороиди
Хемороидите се вообичаено и масовно заболување на денешницата, пред се поради нездравата исхрана и дефицитот на физичка активност како и поради прекумерното стоење или седење или бременост.
Хемороидите се оштетени, вени и капилари околу ректумот и во самиот анален канал (надворешни и вантрешни вени).
Во почетната фаза предизвикуваат непријатност, пецкање, чешање, но во напреднат стадиум на болеста се јавува продолжено крварење и силни болки.
Крварењето во текот на празнењето на цревата е нај чест знак за хемороиди, но може да биде и последица на други сериозни болести. Доколку крварењето трае обавезно посетете лекар како би биле сигурни дека во прашање се хемороиди.
Исто така, ако заедно со симптомите кои се типични за хемороидите појави и темна столица или крв во столицата, под итно јавете се кај лекар бидејки може да биде знак за поголемо крварење во дигестивниот тракт.

 

Билни лекови против хемороиди

 

Скоро и да нема човек кој не знае некој традиционален лек против хемороиди. Лековитите билки се користат во најразлични облици: чаеви, креми, масти купкичепчиња.                                                                              
Се користат сите делови од билките - корен, лист, стебло па и плодот.       
                       
Лековитите купки го намалуваат 
воспалението и симптомите
Билката hamamelis (верџински орев) исто така е особено ценета за купки па можете да пробате:
Во када наполнете 10 цм топла вода во која ке ставите пола литар хидролат hamamelisa. Можете да додадете и 10-15 капсули чемпрес и лимон. Седете во кадата најмалку 20 минути.
Коренот од божур се користи за правење на масти за надворешни хемороиди, а чепчиња за внатрешни хемороиди.
Во олеснувањето на тегобите може да помогне и чајот од кострике, кантарион, невен и коприва. На се ова може да додадете гавез, див костен, hamamelis, ајдучка трева.
Против запек се препорачува две лажички јаболков оцет со мед секое утро.
Трудниците и доилките треба да избегнуваат чаеви и користење на чепчиња.







Нема коментара:

Постави коментар