Списанието Клиничко
истражување на ракот објавило резултати во кои се пациентите заболени од рак на
дојка, 32 дена конзумирале колачи кои содржат 25 грама ленено семе. Резултатите
покажале дека во тој период дошло до намалување на туморските маркери и
зголемување на програмираната келиска смрт во болесното ткиво.
Лененото семе е
исклучително хранливо па оттука тоа е сосема доволна причина да се вклучи во
исхраната. Главна причина за зголемениот интерес на нaучната јавност за лененото семе е релативно високото ниво
на omega-3 масните киселини.
Од 2005 година, одеднаш растат
истражувањата за лековитите својства на ова семе кои го потврдуваат
Хипократовото мислење дека лененото семе е храна и лек.
Дополнителните
тестирања на животни го подржуваат тој заклучок. Кај
имуно-потиснатите глувци кај кои е отстранет тимусот ( централен орган на
имуниот систем) кои примале екстракт од чист лигнани- фито естроген од лененото
семе, резултирало со значајно намалување на растот на ракот на дојката.
Лененото семе го потиснува производството на овој хормон слично како
синтетичкиот лек Armidex.
Ефектите од анти-канцерогеното
дејство на лененеото семе не се ограничени на ракот на дојката. Со
лабораториски истражувања е утврдено дека на сличен начин делува и кај ракот на
простатата.
Нема коментара:
Постави коментар