петак, 12. децембар 2014.

Лек за зголемена простата - билките помагаат

Истражувањата во центарот за хронични болести во Минеаполис, покажале дека некои билки можат да придонесат за подобрување на состојбите кај заболените од бенигна хиперплазија на простата. Биле испитувани шест билни соединенија кои народната медицина во различни делови од светот ги користат за лечење на простатата.


Ризична група за 
зголемување на простатата се 
мажите постари од 45 години

За време на третманот кој траел 30 дена, тeстирано е дејството на билните состојки од еден тип на северно американска палма Serenoa repens која е позната и под името Saw palmetto ,потоа hypoxis hemerocallidea - јужно афричка звезда или афрички компир, ’рж, корен од коприва, екстракт од африканското дрво Pigeum Africanum и семе од тиква.

Утвредено е дека екстрактите од овие билки, сами а особено со нивна комбинација даваат добри резултати во случаевите на бенигно зголемување на простатата.

Постојат индикации, недоволно испитани дека имаат позитивно влијание и на ракот на простатата додека е во рана фаза на болеста.

Екстрактот од Saw Palmetto во ралзлично облици, а најчесто како капсули е најраспространета фитотерапевтска состојка во лечењето на простатата и може да се купи и кај нас.

Кај учесниците на ова истражување е констатиран подобар проток на мокрача и нокно мокрење. 
Идентично делуваат и фитостеролите кои содржат јужно африкански компир кои имаат анти-запалително дејство и анти-едемско дејство.

Со употребата на ’рж се доаѓа до скромно подобрување  на вкупните уролошки симптоми, додека со Pigeum Africanumima има поголем потенцијал за лекување на зголемената простата.

Коренот од коприва и семето од тиква имаат ограничено дејство, но можат да бидат ефикасни во комбинација со други билни екстракти како што се Serenoa i Pigeum.

 Saw Palmetto покажала 
најдобри резултати
Несаканите дејства најчесто се благи и ретки.            Заклучокот од оваа студија е дека фито – хемикалијата  Sereno arepens од палмата Saw Pallmento, сама или во комбинација со други билни екстракти е најефикасна во третманот на бенигна хиперплазија на простатата.

Се на се,размислете за лечењето со билки- билките се поефтини, добро се поднесуваат и несаканите дејства се многу ретки.





Нема коментара:

Постави коментар