Францускиот обичај да се
почне оброкот со горчлив аператив има смисла - малку горчина го зголемува апетитот
бидејки ја стимулира секрецијата на желудечниот сок што е многу важен за
варење.
|
Горчината го провоцира нашиот
мозок да прати сигнал на целокупниот дигестивен тракт - на јетрата, панкреасот,
на цревата дека наскоро пристигнува храна. Така реагираме на горчината од
хмељот во пивото,а слични ефекти предизвикуваат и артичоката, листот од
цвеклото, глуварчето, пелинот или било која друга ,,горчлива“ билка.
Еве неколку начини како
да ги стимулирате вашите органи за варење користејки горчливи билки.
Можете да направите
салата од глуварче или артичока која ке ја зачинете со сок од лимон и така да
го започнете својот оброк или да испиете шоља чај од пелин,хмељ 15-20 минути
пред оброкот.
Чајот направете го така
што мала лажичка пелин или супена лажица хмељ ке ја прелијете со врела вода и ке ја оставете пет минути а
потоа ке процедите.
Варењето на вашата храна
ке биде многу подобро.
|
Нема коментара:
Постави коментар